За нас

Винаријата Антигона е плод на љубовта кон традицијата на виното кое е препознатливо токму од регионот каде што се наога нашата фамилијарна винарија- повардарискиот регион. Многу пати се пишувало и слушало токму за најдоброто вино кое доага од овие простори-богато со разлицни вкусови,опојни мириси и најквалитетното грозје од повардарискиот регион.

Започната со идеа за создавање на најквалитетни вина со препознатлив печат, винаријата антигона започнува со изградба во 2011 година во најпрепознатливиот вински регион во малиот град Неготино. Опремена со највисока технологија и голем производствен капацитет од, како и најнапредни садови за ферментирање, винаријата Антигона се стреми кон тоа да создаде вино кое е одлика на нашето подрачје, вино со квалитет и своја уникатност. Винаријата Антигона се стреми да биде во тек со случувањата во светотот на виното, а сепак да ја задржи својата автентичност и препознатливост. Винаријата Антигона моментлно произвдува 6 класични врсти на квалитетно вино, Кабернет Совињон, Вранец, Мерлот, Шардоне, Ризлинг и Темјаника сите внимателно балансирани со автентични ноти и ароми и уникатен вкус, благодарение на нашите врвни енолози. Винаријата Антигона е добитник на неколку признанија и награди за своите производи, како награда за најдобро црвено вино, како и редовен посетител на мегународните саеми низ светот.